ДОМ е против новите урбанистички планови во општина Аеродром

Од:

ДОМ е против новите урбанистички планови најавени од скопската општина Аеродром и ја поддржува граѓанската инцијатива „ Мораториум за градење во општината!“.

Во соопштението ДОМ наведуваат дека во градежната експанзија на главниот град, реонот на Острово, во општината Аеродром, како и делови на населбите Ново Лисиче и Лисиче, е една од ретките зелени оази во градот Скопје.

– Токму затоа ДОМ смета дека со овие планови се зголемува густината на домување, на сметка на постоечките и потенцијалните зелени површини, без притоа да се води сметка за хуманата компонента на урбаната средина, еколошкиот аспект во квалитетот на живеењето, капацитетот на просторот и постоечката инфрастуктура, наведуваат од ДОМ.

ДОМ се придружува кон апелот на жителите и бара зоната за спорт и рекреација која се наоѓа покрај Вардар, од Булевар АСНОМ до Тинекс, да продолжи до објектите на ЕНЕРЏИ и ПИОМ. ДОМ потсетува дека поставувањето на објекти во непосредна близина на коритото на реката Вардар е проблематично од хидролошки, сеизмолошки и од еколошки аспект. Потоа да се ревидираат и да се стават на јавна расправа сите изградби на нови паркиралишта и да се почитува ставот на жителите дека тие не се потребни и само го уништуваат преостанатото зеленило во општината и да се избрише маркичката за градба во зелениот појас на булеварот Јане Сандански, а воедно да се заштитат од градба сите зелени простори покрај булеварите Србија, АСНОМ и Јане Сандански.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски