Градоначалникот на малото градче Севран во близина на Париз Стефан Гатињон вчера стапи во штрајк со глад пред зградата на францускиот парламент за да го изрази својот протест против одбивањето на владата финансиски да му помогне на градскиот буџет чиј градоначалник е.
Гатињон подигнал шатор пред парламентот, а по половина час добил неочекувана поддршка од министерот за внатрешни работи Мануел Валс, кој го посетил.
“Тоа беше моја должност како градоначалник”, напиша Гатињон на Твитер, додавајќи дека во штрајк ќе биде барем до вторник, за кога е закажана расправа во парламентот за финансирање на локалните заедници.