Награда „Златен прстен“ за пет писатели од четири земји

Од:

Годинашни добитници на меѓународната награда „Златен прстен“ за книжевен творечки опус се писателите Санде Стојчевски од Македонија, Ненад Груичиќ и Зорица Арсиќ Мандариќ од Србија, Радомир Улјаревиќ од Црна Гора и Јованка Стојчиновиќ Николиќ од Босна иХерцеговина.

Традиционалната меѓународна награда „Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научнаафирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.

Наградата ќе биде врачена на претстојниот Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од 12 до 18 април, во Скопје.

Инаку, досегашни добитници на наградата „Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски,Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Ристо Василевски, Јордан Плевнеш, Раде Силјан (Македонија), Фиона Самсон (Англија),Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина) и Аднан Озер (Турција).

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи