Руна Светликова е годинашен добитник на наградата „Мостови“ на СВП

Од:

Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО, годинава е Руна Светликова од Белгија, поет, писател и графички дизајнер.

Дебитирала во 2014 година со поетската книга Оваа мека бела соба (Deze zachte witte kamer), за која ја добила наградата Херман Де Конинк (Herman de Conink debute prize 2015) за дебитантска книга, а била во најтесниот избор наградата К. Будинг (C. Buddingh Prize 2015), како и за Пернат (Pernath 2015), а во конкуреција е и за Поетската награда Џо Петерс за 2016 (Jo Peters Poetry Prize 2016, April 2016). Редовно организира поетски читања и помали фестивали. Пишува на фламански јазик.

Уште на прв прочит се согледува дека Оваа мека бела соба е книга со строга композиција, дело на автор кој поседува голема умешност и во самото пеење, но и во структурирањето на песните. Песните во оваа книга иако можат да функционираат одделно, подредени во одделните циклуси коплементарно се надополнуваат, и како такви даваат ново рамниште на значења во една повисока структура.

Оттаму се добива впечаток дека поетската книга на Руна Светликова е дебитантско ремек дело кое содржи зрели песни кои навестуваат творечка појава која ќе биде неодминлива и во Белгиската/фламанската литература, но и во целокупната европска, па и светска. Потврда за тоа е што оваа поетска книга веднаш се најде во потесните избори за најзначајните награди во Белгија и Холандија, при што таа е веќе добитник на некои од нив.

Зрелоста на нејзината поетика се огледа и во нејзините размислите за тоа кое е нејзиното место како творец. За неа поезијата е “средство за контрола над она што е неконтролибилно, со пенкало како оружје и лупа како штит“.

Во творештвото тргнува од обични, навидум безначајни нешта, би се рекло, пишува за сѐ: „Она што ќе го прочитам во списанија за психологија и наука, или нешто што ќе видам: еден човек во костум и жолти патики… Сепак, главното што ме инспирира се луѓето: слабостите и неврозите, убавина во грдотијата, смртта на татко ми … “, ќе изјави во една прилика.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска