Победа за Кливленд, Џејмс го мина Вилкинс на листата на стрелци

Од:

Кошаркарите на Кливленд ноќеска во дуел од НБА лигата остварија победа по која се чекор поблиску до првото место на „Исток“. Совладан беше Бруклин, а првиот играч на тимот Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 24 поени со што го мина Доминик Вилкинс на вечната листа на стрелците во НБА лигата. Вилкинс има постигнато 26.668 поени, а Џејмс сега има 26.689 поени.

Џејмс оваа сезона успеа досега да ги мине: Џери Вест, Реџи Милер, Алекс Инглиш, Кевин Гарнет, Пол Пирс, Џон Хавличек и Тим Данкан, а веќе вечерва на гостувањето кај Атланта може да биде поуспешен и од Оскар Робертсон, кој има постигнато 26.710 поени. Џејмс сега се наоѓа на 12.место на листата на стрелците на сите времиња во НБА лигата.

Резултати: Кливленд – Бруклин 107:87, Индијана – Орландо 94:114, Хјустон – Чикаго 100:103, Њу Орлеанс – Денвер 101:95, Оклахома Сити – ЛА Клиперс 119:117 и Портланд – Бостон 116:109.

Пласман Источна конференција: Кливленд 53-22 (победи-порази), Торонто 50-24, Атланта 45-31, Мајами 43-31, Шарлот 43-31, Бостон 43-32, Детроит 40-35, Индијана 39-36, Чикаго 38-37, Вашингтон 36-39,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 68-7, Сан Антонио 63-12, Оклахома Сити 53-23, ЛА Клиперс 47-28, Мемфис 41-34, Портланд 40-36, Далас 37-38, Јута 37-38, Хјустон 37-39,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on