Седници на комисиите за надзор на УБК и АР и за прашања на изборите и именувањата

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и за прашања на изборите и именувањата.

Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР треба да расправа за својот Предлог извештај за работа во 2015 година, како и за Годишниот извештај за работа на Агенција за разузнавање, Извештајот за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година и Програмата за работа на УБК за годинава.

На деневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се предлог – одлуките за избор на член на Советот на јавните обвинители, за именување претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и за именување претседател, заменик претседател, член и заменик член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски