Дел Потро последен полуфиналист

Од:

По првиот денешен дуел од последното коло во групата Б познати се полуфиналистите на завршниот Мастерс турнир, кој се игра во Лондон.

Победата од 2:1 во сетови на Хуан Мартин Дел Потро над Рожер Федерер му го донесе полуфиналето на Аргентинецот на завршниот Мастерс и најверојатно дуел со првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

До големата победа Дел Потро дојде откако го доби првиот сет со 7:6 и третиот со убедливи 6:2. Претходно, со добрата игра во вториот сет, кој го доби со 6:4, Федерер се избори за решавачкиот сет во кој сепак не можеше да се носи со Дел Потро.

Треба да се напомене дека Федерер може да падне на второто место, и со тоа во полуфиналето да игра со Ѓоковиќ само доколку вечерва Ферер со 2:0 во сетови го совлада Типсаревиќ во натпреварот кој нема никаква резултатска важност за двајцата тенисери, освен тоа што со себе на победникот му носи 200 ATП бодови и 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех