ДОМ: ДИК да не ги вознемирува чесните граѓани, туку да ги провери фантомските гласачи!

Од:

„ДОМ повикува ДИК да не ги вознемирува чесните граѓани, туку да ги провери фантомските гласачи! Со право се огорчени граѓаните кои со години живеат и гласаат на иста адреса, а некој ги прогласил за спорни. ДИК им должи објаснување и ним и на целата јавност, по кој критериум се извадени овие 89.384 лица на список со спорни гласачи.

Не сме заборавиле дека ова е намален број од 110.440 гласачи, за кои ДИК тврдеше дека не постојат во ниедна база на податоци! А што добивме? Добивме список во кој ги има регуларните гласачи, многу луѓе од јавниот живот, посебно од опозициските партии, но ги нема спорните! Кој си игра морбидни компјутерски игри со живи и умрени граѓани?

Во списокот на спорни гласачи кој сега теренски се проверува, меѓутоа, ги нема  лицата што се починати, иселени или измислени, а стојат во избирачкиот список!? Овие фантомски гласачи во своето соседство граѓаните самите ги пронајдоа преку електронската апликација на ДИК и ги пријавија!

На пример, ДИК не сметал дека треба да се проверат имињата на оние 18 лица кои не живеат во Центар, Бул. Партизански одреди бр.8, ниту оние 7 лица во Гази Баба, ул. Антон Попов бр.11. Не се на списокот за проверка ни лицата сместени во празни куќи во Гази Баба на ул. Перо Наков бр. 104 и бр.108, ниту иселените лица во Ѓорче Петров, ул. 4 Јули, бр.42 (3 лица иселени пред 25 години во Германија), на ул. Борис Сарафов бр.42 (5 лица иселени пред 20 години). Ги нема ни лицата со адреси на амбасади, државни објекти и илјадници други.

Според официјалните бројки од ДИК, не се ставени за проверка: 124.027 иселени, 35.859 починати, 62.837 кои треба административно да се проверат, 7.345 за кои нема објаснување во која смисла се проблематични. А ДИК претходно со консензус излезе со податок дека има над 300.000 спорни гласачи во избирачкиот список“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски