Актуелниот шампион во НБА, екипата на Голден Стејт ноќеска по продолжение ја победи Јута и направи уште еден чекор кон впишување во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.
Сега Голден Стејт има 68.победи и е на само четири триумфи до изедначувањето на постигнувањето на Чикаго (72 победи и 10 порази) во сезоната 1995/96.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Торонто – Атланта 105:97,
Мемфис – Денвер 105:109,
Милвоки – Феникс 105:94,
Минесота – ЛА Клиперс 79:99,
Далас – Њујорк 91:89,
Сан Антонио – Њу Орлеанс 100:92,
Јута – Голден Стејт 96:103 (по продолжение),
Сакраменто – Вашингтон 120:111,
ЛА Лејкерс – Мајами 102:100 (по продолжение).
Пласман Источна конференција: Кливленд 52-22 (победи-порази), Торонто 50-24, Атланта 45-31, Бостон 43-31, Мајами 43-31, Шарлот 43-31, Детроит 40-35, Индијана 39-35,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 68-7 (победи-порази), Сан Антонио 63-12, Оклахома Сити 52-23, ЛА Клиперс 47-27, Мемфис 41-34, Портланд 39-36, Јута 37-38, Хјустон 37-38,…
Место во плеј-офот досега обезбедија Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома, ЛА Клиперс, Кливленд, Торонто, Атланта.