Поетска стихозбирка „Меѓу два света“ на Диме Ратајкоски, во издание на „Дијалог“ од Скопје, денеска ќе биде промовирана во „Матица ексклузив“.
На промоцијата ќе зборуваат поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата, а стиховите ќе ги чита артистот Љупчо Тодоровски Упа.
Диме Ратајкоски е роден во Скопје во 1983 година, а “Меѓу два света” е негова прва стихозбирка.