(ВИДЕО) Предупредување до Аеродром: Нема да дозволиме општината да се претвори во бетон и фонтани

Од:

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише нема да дозволи општината подмолно и зад грб на граѓаните повторно да градат, вели Искра Манојлоска од иницијативата.

Таа предупредува дека Аеродром во изминатата зима имал рекордни бројки на загаденост, па доколку се изградат нови згради, граѓанните се плашат дека општината би можела да се претвори во масовна гробница.

– Бараме Општината да работи транспарентно и советниците да работат одговорно. Општина Аеродром има обврска и мора да има слух за барањата на своите жители кои јасно и гласно кажаа не за изградба на нови згради. Со нивна изградба ќе се изгуби душата на населбата и ќе се оневозможи нормален живот. Аеродром полека но сигурно се претвора во Токио, вели Манојлоска.

Таа вели дека сакаат да присуствуваат на седниците на советот на општината, нешто што им е дозволено со закон, па доколку не им биде дозволено, ќе ги искористат сите демократски средства. Сепак, граѓаните се плашат дека иако ДУПот е повлечен, општината како и претходно би можела да го врати надграден и проширен.

Во соопштението кое подоцна пристигна од иницијативата велат дека е факт дека Аеродром е најзагадената општина во Скопје. Според нив, ова загадување, во најголем дел, се должи на градежната експанзија, но властите ја игнорираат реалноста и дополнително ја влошуваат алармантната ситуација преку непланското градење.

„Наместо зачувување на веќе постоечките зелени површини и создавање на нови, локалната самоуправа го одобрува нивното уништување со градежната експанзија . Дополнително, преку планираните градби по должината на кејот на Вардар, уште повеќе го спречува струењето на воздух. Исто така, нашата населба се соочува со постојан недостаток на претшколски и школски капацитети. На нашите деца не им треба уште една зграда или црква, туку им требаат места во градинките и доволен број на школски клупи. Ние граѓаните имаме потреба од зелени паркови, а не бетон и фонтани“, стои во соопштението.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски