ЕК одобри програма од 100 милиони евра за малите и средни претпријатија во Романија

Од:

Европската комисија одобри програма од 100 милиони евра за малите и средни претпријатија во Романија, соопшти денеска романскиот весник „Капитал“.

Оперативната програма „Иницијатива за мали и средни претпријатија“ се однесува на периодот 2014-2020 година. Вредноста на инвестициите, понудени преку Европскиот фонд за регионален развој, во следниот период се очекува да нарасне до 400 милиони евра, па дури и повеќе, благодарение на ефектот на лост за приватните инвестиции во кредити за мали и средни претпријатија, посочува весникот, цитирајќи ја прес службата на кабинетот на еврокомесарот за регионална политика Корина Крецу.

Програмата за Романија е четврта од овој вид за периодот 2014-2020 година. Нејзината цел е земјите членки да се потикнат да ја користат генералната иницијатива на Европската комисија и групата на Европската инвестициска банка за стимулиран пристап до финансиската помош за малите европски претпријатија, што се  судруваат со  финансиски ограничувања.

– Во земја во која  малите и средни претпријатија претставуваат над 99 проценти од вкупниот број претпријатија, и која се судрува со сериозна потреба од надворешна финансиска помош, оваа програма ги поддржува токму претприемачите во намерата да добијат пристап до кредитните линии под подобри услови. Оваа иницијатива, исто така, на малите и средни претпријатија ќе им овозможи да бидат поиновативни и поконкурентни, и да се прошират на регионалните, националните и меѓународните пазари, изјави Корина Крецу.

Според вицепремиерот и министер за регионален развој и јавна администрација, Василе Данку, иницијативата претставува иновативен инструмент, наменет за стимулирање на конкурентната способност.

Во неодамнешната анализа, направена за Романија, беше пресметано дека до 2020 година дефицитот во надворешното финансирање за малите и средни претпријатија ќе изнесува приближно 3,4 милијарди евра, потсетува весникот „Капитал“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски