Николовски ги посети земјоделците во општина Делчево

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска, заедно со претседателката на Комисијата за земјоделство Татјана Прентовиќ и претседателот на комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски, се сретна со жителите на Звегор, Вирче, Стамер, Град во општина Делчево.

Николовски презентираше мерки од Програмата на СДСМ, кои, како што стои во партиското соопштение, наидоа на огромна поддршка меѓу граѓаните. Воедно најави нова аграрна политика.

– СДСМ има мерки за намалување на трошоците за земјоделско производство, воведување поефтина, зелена нафта и обезбедување сигурен пласман на земјоделските производи. Ќе направиме ревизија на доделеното земјоделско земјиште и ќе го вратиме во рацете на вистинските земјоделци. Наместо парите да завршуваат на сметките на тајкуните блиски до власта, ќе завршуваат во рацете на вистинските земјоделци како поттик за зголемување на производството и модернизација на механизацијата, рече Николовски.

Според него, планот на СДСМ гарантира силна финансиска поддршка за домашните мали и средни претпријатија и достоинствена работа со повисоки плати.

– Минималната плата ќе ја зголемиме на 15.000 денари а просечната ќе надмине 29.000, истакна Николовски.

Оценувајќи ги како погрешни актуелните владини политики, Николовски рече дека ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, а средствата ќе завршуваат кај вистинските земјоделци на кои им се најпотребни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он