А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ќе го зголемиме домашното прозиводство на струја за пониски сметки

by А1он29/03/2016 - 15:3530/03/2016 - 08:2296
Share0

СДСМ ќе ги активира домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата.

Ефикасно ќе ја гасифицираме Македонија, како што тоа веќе е направено во Струмица и Куманово.

Груевски и неговата власт се тие кои ја укинаа ефтината тарифа на струјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со тендерските политики, за нивни бизнис интереси трошат пари на граѓаните за барокни фасади, а сега преку Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово се одборува ново крадење на граѓаните преку сметките за струја!

Повеќе од 2 милиони евра месечно непотребно се одлеваат од граѓаните за скапиот увоз на струја, бидејки е падната цената на струјата на регионалниот пазар, но граѓаните и натаму плаќаат високи сметки.

Додека се молчи за чии интереси се прави ова, Агенцијата за енергетика најавува дека ќе ги учеле граѓаните, во услови на незапаметена сиромаштија во Македонија, како да штеделе струја, со нови прозорци и врати и квалитетна изолација на фасадите и ѕидовите.

Како што Регулаторната комисија во јули 2012 година ја зголеми цената на струјата за приближно 10 отсто, поради зголемени трошоци за увоз на електрична енергија на ЕЛЕМ, така сега имаат обврска да ја намалат.

Доаѓа крајот на расипничките политики на власта на Никола Груевски поради кои сметките струја, за време на владеењето на Груевски се зголемени за 100 проценти“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео