ВИДЕО: Утре премиера на филмот „Џган“

Од:

Премиерата на најновата македонска филмска продукција, филмот „ЏГАН“ ќе се одржи утре, 30 март, во киното „Миленииум“. Се работи за долгометражно режисерско деби на Вардан Тозија, во продукција на Огнен Антов (Дрим Фектори). Главните улоги во флмот ги толкуваат: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска.

Приказната во филмот не’ води низ низа свирепи околности кои претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, свет што им нанел само болка и страдање.

Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – Џган.

Премиерата на филмот е закажана за 20 часот. По премиерната проекција, прикажувањето на филмот продолжува секој ден на редовниот репертоар на кино Милениум во истиот термин.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он