Кошаркарот на Оклахома Сити, Раел Вестбрук го оствари седмиот “трипл-дабл“ во месец март и го изедначи рекордот на легендарниот Мајкл Џордан кој настапувајќи за Чикаго во април 1989 година на седумк натпревари имаше троен ефект.
Воедно за Вестрбук ова беше 16. „трипл-дабл“ оваа сезона.
Ноќта во НБА лигата ја одбележа и најтешкиот пораз во богатата кариера на Коби Брајант кој со Лејкерс загуби од Јута со 48 поени разлика.
Постигнати резултати:
Мајами – Бруклин 110:99,
Торонто – Оклахома 100:119,
Чикаго – Атланта 100:102,
Мемфис – Сан Антонио 87:101,
Минесота – Феникс 121:116,
Њу Орлеанс – Њујорк 99:91,
Денвер – Далас 88:97,
Јута – ЛА Лејкерс 123:75,
Портланд – Сакраменто 105:93,
ЛА Клиперс – Бостон 114:90.
Пласман Источна конференција: Кливленд 52-21 (победи-порази), Торонто 49-24, Атланта 45-30, Бостон 43-30, Мајами 43-30, Бостон 43-31, Шарлот 42-31, Индијана 39-34, Детроит 39-35,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-7, Сан Антонио 62-12, Оклахома Сити 52-22, ЛА Клиперс 46-27, Мемфис 41-33, Портланд 39-36, Јута 37-37, Хјустон 36-38,…
Место во плеј-офот досега обезбедија Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома, ЛА Клиперс, Кливленд и Торонто.