„Државната Изборна Комисија и официјално соопшти дека теренската контрола на спорните гласачи од избирачкиот список е започната. Станува збор за околу 90.000 сомнителни личности кои се распространети во повеќе општини. Оваа постапка претставува важен чекор за овозможување на релевантни избори.
За Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), еден клучните компоненти е и точната проверка на гласачите од турската етничка заедница. Кој ќе ги контролира нив? Дали ДИК поседува таков потенцијал и капацитет? Колку контролори од турската заедница се ангажирани?
Сакаме да ја потсетиме јавноста дека како што и слушнавме во објавените „бомби“, гласачите од турската и ромската етничка заедница биле меѓу најманипулираните и злоупотребуваните граѓани во изминатиов период. Стравуваме дека владината коалиција и на следните избори планира да манипулира преку гласачкото тело на турската етничка заедница.
Затоа апелираме до ДИК, во процесот на проверка да вклучат што повеќе контролори и од турската етничка заедница, со што процесот би бил поверодостоен“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП).