(ВИДЕО) Дескоска: Власта во заминување со носењето на законите ги потврдува своите криминали

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со гласањето во Собранието по две точки од дневниот ред уште еднаш го покажа стравот од одговорност за сторените кривични дела од страна на врхушката на власта, вели пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска.

Според неа, со отфрлањето на предлогот за дополнување на законот за помилување, со кој според нив, требаше да се дополни правната празнина која ја создаде уставниот суд, како и нивнот предлог закон за измена на законот за кривична постапка поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се доказ за сторениот криминал на власта во заминување.

– Нивниот прелогот е обид за дезавуирање во постапувањето на СЈО и одложување на неговото постапување. Со овој предлог ги продолжуваат роковите на редовната и скратената кривична постапка со што сакаат да ги одолговлекуваат и одложуваат постапките на СЈО. Сите знаете дека во извештајот СЈО најави обвиненија во скоро време. За да го одложат тоа, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат наместо како досега, осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување на докази, тој рок да се продолжи на 90 дена што е практично 3 месеци. Понатаму, скратената постапка целосно се минира со истиот тој рок од 90 дена за преземање дејствија на одбраната. Ова практично значи дека по завршување на постапката, обвинителството нема да може да покрене обвинение во наредните 90 дена, вели Дескоска.

Таа додава дека законот предвидува новите одредби да се применуваат на постапки кои се веќе започнати, со што, според неа се гледа и целата интенција заради која се донесува овој закон.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година