(ВИДЕО) Власта одби измени во законот за помилување, сака претседателот да помилува изборен криминал и педофили

Од:

Пратениците на власта го одбија предлог законот за помилување кој го поднесе опозицијата и покрај тоа што тие претходно велеа дека се против помилување на сторители на тешки кривични дела.

Пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека доколку сите претходни изјави дека законот од 2009 година бил добар, тие ќе ги изгласаат измените.

Сепак, тие без било какво образложение гласаа против измените.

За измените во законот за помилување гласаа 30 пратеници, додека 55 беа против.

Претходно, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кажа дека ниту тој ниту партијата не се согласуваат претседателот да помилува сторители на тешки кривични дела.

Според опозицијата, негласањето на предложените измени е доказ за криминалите на власта.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба