Уапсен разбојникот од „Бет поинт“

Од:

32-годишниот С.Ј. од Скопје е осомничен дека на седми овој месец под закана со пришол ја ограбил спортската обложувалница „Бет поинт“на улицата „Хаџи Јован Шишков“ во Скопје.

Истиот од вработените Х.А. (27), Н.М. (20) и Д.Љ. (23) одзел 67.010. денари со што сторил кривично дело „разбојништво“.

Претходно пријавениот пред да го стори разбојништвото на 04 овој месец од лицето Д.Б. (29) од Гостивар набавил пиштол марка „Retay CS9“ кој го поседувал без одобрение од надлежен орган. Откако го зел пиштолот неколку дена подоцно односно на 07.11. со автобус од Гостивар се упатил во Скопје и по пристигнувањето се упатил во населбата Шуто Оризари каде во 21.30 часот отишол зад обложувалницата, се прекачил и ја прескокнал зидната дворна ограда, дошол на балконот од задната страна и држејќи го во рака пиштолот преку незаклучената помошна врата влегол во работниот простор, заканувајќи им се на вработените да му ги дадат парите. Потоа ја отворил фиоката од работниот пулт и од истата одзел 67.010 денари. по што побегнал.

По извршеното разбојништво С.Ј. изнајмил такси возило и се упатил кон Гостивар каде што живеел заедно со неговата невенчана сопруга С.Р. како подстанар. Веднаш по пристигнувањето пред зградата во контејнер за ѓубре ја фрлил облеката со која што го извршил разбојништвото.

Наредниот ден С.Ј. дел од украдените пари во менувачница во Гостивар ги заменил за 600 евра го платил заостанатиот долг за кирија за станот во кој живеел, а потоа отишол кај лицето Д.Б. и на истиот му го вратил претходно земениот пиштол.

На 08.11. со судска наредба издаден е видеозапис од одговорното лице во обложувалницата „Бет Поинт“. Од страна на Единицата за увид на место на настан и вештачење при СВР Скопје извршен е увид на лице место, а во просториите на ПС ОН Чаир обавен е разговор со оштетените. Од страна на ПС Гостивар-НК за КР Гостивар на 08.11. од Истражен судија на основен суд Гостивар издадена е наредба за вршење на претрес во домот и другите помошни простории. на ул. Мара Угриноска сопственост на лицето М.Д. од Гостивар каде што како подстанар престојувал С.Ј. а во ПС Гостивар обавен е разговор со пријавениот кој во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Со потврда од С.Ј. одземени се 810 евра во разни апоени од по 10, 50 и 100 евра, како и 6.300 денари. Инаку пријавениот е познат во полициската крим-евиденција за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. (Крај)

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ