Поемата „Џез“ на велешанецот Кукулев пред делчевската публика

Од:

Поемата „Џез“ прва книга со поезија, уникатно и по многу нешта единствено дело во македонската современа поезија на велешанецот Александар Сашко Кукулев, синоќа беше претставена пред делчевската публика.

Поемата „Џез“ доживува голем меѓународен успех, а е печатена на македонски, англиски, турски и српско-хрватски јазик.

Авторот на поезијата, Александар Сашко Кукулев, на делчевската публика ѝ го пренесе џезот напишан со стихови.

– Претходно јавноста ме познава по историскиот роман „Патувањето на Петар Келемен“, каде пишував за историските случувања, марсејските случувања во 1934 година, но ова е еден сосема друг аспект од она што сум потсвесно јас, рече Кукулев.

Организацијата на овој несекојдневен настан на поезија и џез беше на Центарот за култура „Никола Јонков-Вапцаров“ од Делчево. Директорот Љупчо Петровски, пред делчевци ја споедели информацијата дека авторот Кукулев со книгата поезија „Џез“ на меѓународен натпревар во Босна го освоил првото место во конкуренција на автори од повеќе балкански земји, а тоа била една од причините што Кукулев во Делчево ја промовира поемата.

– Сакавме да приредиме убава, несекојдневна вечер за љубителите на поезијата , но и на џезот. Ваквите настани се реткот во Делчево, па ние по контактот што го имавме со Кукулев во Министерството за култура, одлучивме за делчевци да ја организираме оваа вечер. Вечерва се чита поезија, но имаме и музичар кој ќе свири џез, а тоа е нашиот сограѓанин Кире Цоневски, рече Петровски.

Инаку, овој културен настан е во рамки на одбележувањата на 138 години од Пијанечката република.

– Во рамки на Пијнечката република или два месеци слободен Пијанец, во наредниот период ќе организираме трибина со историчари кои треба да дебатираат на темата Пијанечка Република, да осознаеме каде се наоѓа историски настан и тие два месеци слободни во Пијанец, во историските записи. Исто така, ќе организираме и голем број културни настани со гостувања на драмски уметници, музички групи, изложби на фотографии, а манифестацијата ќе ја продолжиме и во месец мај кога ги одбележуваме деновите на Разловечкото востание, рече Петровски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска