Пронајдена автоматска пушка и пиштол во куќа во Гургурница

Од:

Автоматска пушка и пиштол биле пронајдени во куќата на Ш.Р. (59) по претресот што бил извршен вчера во неговиот дом и помошни простории во тетовското село Гургурница информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
При полицискиот претрес што вчера околу 18 часот и 20 минути бил извршен во објектите сопственост на Ш.Р. во дневната соба на првиот кат од куќата во кревет пронајдени се автоматска пушка со дрвен кундакт и две празни рамки како и пиштол Ц.З. калибар 9 милиметри со една празна рамка.

Сопственикот изјавил дека поседувал одобрение за пиштолот но го загубил. Тој бил приведен и по обавениот разговор во полицијата е пуштен но против него ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски