ЛДП: Отчет – Колку е богат Никола Груевски?

Од:

„Либерално-демократската партија бара отчет од поранешниот премиер, Никола Груевски, за тоа колку тежи неговиот личен и семеен имот после десет години владеење во Република Македонија.

Груевски, за кого е општо познато дека милува често да дава отчет што се’ сработил, дури и да брои фингирани проекти, фантоми, пензионери што одат на скијање, сега сметаме дека е време да каже јавно, пред македонските граѓани, колку се збогатил  за годините додека беше на чело на Владата на Р. Македонија.

„Транспарентноста“ на Груевски треба да подразбира што поседува тој во моментов, како и со колкав имот располагаат неговиот брачен партнер и неговите родители.

Ваков отчет бараме и од неговите најблиски соработници, осомничени во случајот „Титаник“, поранешните министри, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески. Нивното заминување од Владата во никој случај не подразбира дека треба да го стават ‘под тепих’ анкетниот лист за нивната имотна состојба.

Според Законот за спречување на корупцијата (член 33), носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Врз основа на тие податоци се следи дали во текот на мандатот функционерите драстично го зголемиле својот имот и доколку станале премногу богати, дали истото го направиле на законски или незаконски начин“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски