ОЈО за гонење организиран криминал демантира дека имало контра-акција во Централен регистар

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение објавено на неговата веб страница најостро реагира и ги демантира информациите објавени во неколку медиуми, во врска со наводно спроведување на контра – акција со вршење влијание на вработените во Централниот регистар, а со цел да не се појавеле на работа.

– Истакнуваме дека ширењето вакви шпекулации ја доведува во заблуда јавноста, која за секое постапување на јавните обвинителства е навремено и точно информирана од страна на Службата за односи со јавноста во Јавното обвинителство, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција