ЛП: Предлагањето законско ограничување за помилување изборно насилство е добар чекор

Од:

„Драго ни е кога нашите предлози се земаат предвид од другите опозициски партии. Го поздравувам фактот што вчера пратеничката група на СДСМ го прифати решението што Либералната партија го понуди на Прес-конференција пред пет дена.

Потсетувам на нашиот предлог: „ВМРО-ДПМНЕ номинално се изјасни против решението на Уставниот суд. Ги повикуваме пратениците на СДСМ, како и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, по можност заеднички, во Собранието да предложат закон за измени и дополнувања на законот за помилување со кој ингеренциите за прекин на постапката против обвинети или осудени лица зa изборен криминал повторно ќе бидат одземени од претседателот на Републиката“.

Според Либералната партија, ова се непосредните начини сите политички партии да докажат дека стојат до своите тврдења дека ни се потребни кредибилни избори за излез од политичката криза, слободни и фер, без местења, полнења кутии и списоци, без насилство.“

Сега, откако СДСМ го предложи законот, ги охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да останат доследни на своите јавно декларирани заложби и да го поддржат ограничувањето на правото на помилување за изборен криминал од страна на претседателот на Републиката. Истиот апел се однесува на сите пратеници, и од ДПА, и независните пратеници – изјави Ивон Величковски.

Ова беше една од пораките на средбата со граѓани што синоќа во Прилеп ја остварија претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски и членот на Извршниот комитет на ЛП, Филип Николовски, заедно со претседателот на Општинската организација, Златко Граороски.

Спектарот на интерес на присутните беше широк: – Не очекува тежок период и тоа сите го знаеме. Не се во прашање само изборите, туку она што треба да се направи за излез од тешката економска, политичка и општествена криза – нагласи Филип Николовски, член на Извршниот комитет.

Присутните ја искористија средбата за изнесување на своите согледувања по многу прашања, особено во делот на економијата, а пред се во земјоделството и тутунопроизводството како дел од него. Животниот стандард опаѓа, паралелно со опаѓањето на економската дејност во градот – потенцираа присутните кои побараа повеќе вакви непосредни средби и пред и по почетокот на кампањата, соопштуваат од ЛП.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска