ЛДП: Локалниот примитивизам и ксенофобија не се одговор на тероризмот

Од:

„Сведоци сме на серија терористички напади во изминативе неколку недели, најпрво во Турција, а сега и во Белгија. Toa бара од нас, во ова деликатно време, солидарност и толерантност кон сите жртви.  ЛДП најостро ги осудува сите дела на тероризам кои се директен атак на животот на невини жртви, на принципот на нарушување на човековите права и рушење на современата демократија и концептот на граѓанско општество. Тоа е темелот на либералната идеологија во светот.

Воедно, ЛДП смета дека примитивните и срамни реакции на дел од самонаречените интелектуалци и новинари блиски до ВМРО ДПМНЕ, кои зад оваа драма истакнуваат ирационални аргументи е подеднакво форма на терор врз здравиот разум и ширење на говор на омраза.

Ниту еден трагичен настан не смее да биде повод за закани, ксенофобија и осуда кон различната национална, религиска или било која друга припадност. Единствени кои требат да бидат осудени и строго санкционирани се оние кои говорот на омраза и своеволното однесување го сметаат за дозволен начин на комуникација“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он