Концерт на виртуозот на мандолина Ави Авитал и Македонската филхармонија

Од:

Светската музичка сензација Ави Авитал од Израел, вечер ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Алхемија“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во 20 часот.

Под палката на еден од најдобрите европски диригенти Михал Нестерович од Полска, „Греми“ номинираниот виртуоз Авитал ќе изведе два концерти за мандолина и оркестар од Јохан Хумел и Антонио Вивалди.

По концертот, за љубителите на музиката Авитал ќе ги потпишува своите ЦД-а.

Овој исклучителен уметник во 2012 година потпиша ексклузивен договор со „Дојче грамофон“. Неговиот деби-албум содржи транскрипции на концертите од Бах за чембало и виолина, аранжирани за мандолина и оркестар, додека неговото ЦД од 2014 насловено „Помеѓу световите“ со дела од Дворжак, Блох, Вила-Лобос, Пјацола, го носи на турнеја низ Европа. Изданието од оваа година, пак, ги носи звуците на Венеција со популарните концерти на Вивалди и Барокниот оркестар на Венеција.

Изведбите на Ави Авитал, според „Њујорк тајмс“, се „исклучително чувствителни и прекрасни“. Критиката ќе каже дека тој е своевидна сензација, и е едногласна дека е вистински виртуоз кој свири со огромна посветеност.

На концертот насловен „Алхемија“, под палката на маестро Нестерович, Македонската филхармонија ќе ги изведе и „Три танци во стар стил“ од еден од најдобрите полски современи композитори Хенрик Горецки, како и грандиозната Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска