Египетскиот претседател Сиси изврши реконструкција на Владата

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изврши реконструкција на Владата, со смена на девет министри и воспоставување Министерство за бизнис. Функциите ги задржааи министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи, пренесува БТА.

Од промените најмногу се засегнати египетските Министерства за инвестиции, финансии, туризам, воздухопловстовто и водни ресурси.

Новите министри дадоа заклетва пред претседателот во дворецот „Ал Итихадија“ во предградието Хелиополис.

Промените се извршени во време на тешка криза во туристички сектор на економијата, кој е од животно значење, и по минатонеделната девалвација на националната валута на земјата – лирата.

Египет вложува напори во бормата против исламстичките бунтовници, кои преземаат акции и вршат атентати, што пак ги одбива туристите.

Ова е првата реорганизација на Владата по онаа во септември минатата година, кога Сиси го назначи за премиер Шериф Исмаил.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина