Десет летови на индиската авиокомпанија „Индиго“ на аеродромот „Индира Ганди“ во Њу Делхи се откажани, поради добиена дојава за поставена бомба, и се врши целосен претрес во авионите, јавува ТАСС, цитирајќи ја службата за безбедност на аеродромот во Индија.
Анонимната дојава е добиена во филијалата на „Индиго” во Ченај, главниот град на државата Тамил Наду.
Вчера, при слични околности, беа откажани пет летови на друга индиска авиокомпанија – „Џет ервејс“. Тајните служби не открија никакви експлозивни направи.
По низата напади во Брисел, индиските власти наредија да се засилат безбедносните мерки на аеродромите и метроата.
Мерките се особено засилени на меѓународниот авион на Њу Делхи. При влегувањето во аеродором се проверува багажот и личните работи, исто така се врши проверка и на вработените на аеродромот.