Објавена книгата „Актерска игра пред камера“ од Синоличка Трпкова

Од:

Издавачката куќа “Темплум“ ја објави книгата „Актерска игра пред камера“ од Синоличка Меллес-Трпкова. Ова издание може да се најде во книжарниците Или-Или, Култура, Три и Табернакул.

„Актерска игра пред камера“ е драгоцена и ретка книга на меѓународно признатата актерка и професорка Синоличка Меллес-Трпкова. Ова е „водич за сите оние бележани со пален знак“, како што метафорично го именува Меллес-Трпкова својот труд, за сите оние талентирани и надарени млади луѓе, за сите актери и студенти.

Секоја страница на овој водич ни укажува дека авторката сето свое искуство, знаење, љубов и сета своја широчина и отвореност кон професијата со која се занимава и светот што нè опкружува, на секој возможен и невозможен начин се обидува несебично да им ги пренесе на своите студенти и на оние што сакаат да ѝ се посветат на оваа нефатлива уметност.

Ова е, без двоумење, книга на автор што чувствува, што мисли и кој е свесен за широката потреба од сестран ангажман на актерот во времето и во просторот во кој живее и создава.

Односно, ова е книга што јасно ни порачува дека за да се биде уметник, не само актер, туку уметник воопшто, потребно е да се има срце и разум. А, згора на тоа, потребно е да се биде и хуман човек“, пишува д-р Наум Пановски, рецензент на изданието.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска