Пораката на Францускиот претседател Франсоа Оланд во која му ја честита изборната победа на Обама се прошири на Твитер со молскавична брзина а се должи на една „симпатична” грешка во преводот.
Верен на галската традиција на „сакатење” на англискиот јазик, Оланд писмото до реизбраниот претседател на САД своерачно го потпишал со „Frendly, Francois Holland” или „Симпатичниот, Франсоа Оланд.”
Грешката е предизвикана од буквалниот превод на францускиот збор „amicalement”, или „пријателски поздрав”. А, всушност треба да пишува „kind regards” (со почит), што е точниот англиски превод на тој збор.
Според француските медиуми, слична грешка направил пред четири години и францускиот претседател Никола Саркози, кој исто така „кубури” со англискиот јазик.
Извинувајќи се за лошото време, Саркози на секретарката на САД, Хилари Клинтон и рекол: „Sorry for the time” – (Извинете за часот), наместо – „Sorry for the weather”.