ЛДП на конференција за родова еднаквост во седиштето на ООН во Њујорк

Од:

„Секоја година Комисијата за статусот на жените во рамките на Обединетите Нации, одржува конференција на која се утврдува напредокот во родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, се идентификуваат предизвиците и се промовираат нови политики. Оваа година од 14-ти до 24-ти март се одржува 60-тата конференција на тема „Зајакнување на жените и поврзаноста со одржливиот развој“. На конференцијата, како претставник од Либерално-демократската партија учествуваште Јулиана Николова, претседател на Форумот на жени.

На вчерашната панел дискусија на тема „Од легислатива до имплементација: адресирање на насилството над жените на повеќе нивоа“, која се одржа во седиштето на Обединетите Нации во Њу Јорк се дискутираше за промоција и имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа, таканаречена “Истанбулска Конвенција“. Настанот е организиран од страна на Интернационалната мрежа на жени либерали, Холандската невладина Рутгерс, Либералната Интернационала и Обединетите Нации. Преседавач на настанот беше Маргарет Де Вос Ван Стенјвик, претседател на Интернационалната мрежа на жени либерали. Освен Јулиана Николова, која прва се обрати на настанот, во дебатата учествуваа уште 4 говорници, Патриција Оламенди од Мексико, Фузија ел Бајед, парламентарка од Мароко, Жероен Лорист од Холандија, претставник на интернационалната организација Рутгерс, како и Д-р Сујата Вариер, директор на Њујоршката канцеларија за превенција од домашно насилство.

На конвенцијата стана збор за Истанбулската Конвенција, нејзината ратификација и можностите и начинот на нејзина интернационализација во насока на глобално унапредување на женските права. Учесниците дискутираа за можните решенија на разликите и јазот во меѓународната правна рамка и се споделуваа искуства. Дел од темите исто така, ја опфатија и генералната вклученост на мажите во борбата против насилството врз жените“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски