Конгресот на локалните и регионалните власти на СЕ загрижен поради новата територијална реорганизација на француските региони

Од:

Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа по расправата за мониторинг извештајот за состојбата на локалната и регионалната демократија во Франција, усвои препорака, со која изразува загриженост поради територијалната реформа на регионите за што тие не биле консултирани од централната власт, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Известувачите Џос Виенен (Холандија, ЕПП / CCE) и Гудрун Мослер-Торнстром (Австрија, СОЦ) го истакнаа напредокот постигнат во процесот на децентрализација во Франција, особено, за соработка помеѓу локалните власти и прекугранична соработка . Тие, исто така, го истакнаа задоволството,поради се  поголемата финансиска автономија на овие заедници благодарејќи на растечкиот дел на сопствените ресурси во нивниот буџет.

Сепак, во препораката, Конгресот изрази загриженост посебно во врска со постапките за донесување на Законот бр 2015-29 од 16 јануари 2015 година во врска со утврдувањето на новите регионите, регионални и департманските избори и за изменување на календарот за избори, за што регионите не биле претходно ефективно консултирани. Конгресот ги повикува властите да го разгледаат процесот на консултации со директните претставници на локалните и регионалните власти во сите одлуки кои се однесуваат на нив, а особено оние кои се однесуваат на нивните територијални граници.

Се препорачува преиспитување на системот на прераспределба за да се направи поправичен, да се децентрализираат повторно одлуките за локалното оданочување и да се разјасни потеклото на финансиските средства на локалните заедници.

На крај, Конгресот ги повикува на француските власти да ја разјаснат поделбата на власта (надлежностите) на различни нивоа на локалните власти за да се избегне дуплирање и да продолжи со зголемување на учеството на сопствените средства во буџетот на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска