Чавез: Обама да се грижи за својот народ

Од:

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, му порача денеска на повторно избраниот претседател Барак Обама да се воздржи од мешање во меѓународните конфликти и да се фокусира на решавањето на домашните проблеми.

– Обама најпрво треба да се грижи за сопствената нација, која има многу економски и социјални проблеми. Таа е поделена, социјално раздробена земја, каде суперелитата го експлоатира народот рече Чавез во неговиот прв јавен коментар по победата на Обама.

– Треба да се посвети на водењето на сопствената земја и да заборави на идејата да врши поделби и инвазии на други земји – додаде Чавез.

Тој не го криеше своето разочарување од Обама, обвинувајќи го за водење на иста агресивна надворешна политика како и неговиот претходник Џорџ Буш.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас