Повредено 11-годишно дете во сообраќајка во Велес

Од:

Единаесетгодишно дете е повредено во сообраќајната несреќа што се случила денеска во 12:35 часот на улица „Благој Ѓорев“ пред зградата бр.127 во Велес, кога во него удрило патничко возило „пежо“ со велешки регистерски ознаки управувано од 46-годишен велешанец.

Како што информира портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска по несреќата пешакот итно бил пренесен во болницата во  Медицински центар Велес каде се констатирани телесни повреди и е задржано на лекување.

– По овластување на јавен обвинител, увид на лице место изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, информира Стојковска.

Лекарите од хируршкото одделение на велешката Општа  болница информираат дека детето се здобило со неколку телесно повреди по телото и е вон животна опасност и е задржено на лекување.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Тешка сообраќајка во Велешта, загина 19-годишно момче

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило