Словенечкиот олимписки спортист Рок Розман, и кајакари од цела Европа ќе ги пробаат своите весла во 16 реки во шест балкански земји, почнувајќи од Сава во Словенија на 16 април, а завршувајќи со Вјоса во Албанија на 20 мај под слоганот “Да ги зачуваме балканските реки!”.
На 4 и 5 мај дел од кајакарската тура ќе биде и Националниот парк „Маврово“ во Македонија, односно реките Радика и Мала река.
На овој начин, кајакарите сакаат да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат.