Полскиот роман „Темно, речиси ноќ“ преведен на македонски

Од:

„Македоника литера“ го објави романот „Темно, речиси ноќ“ на полската писателка Јоана Батор, кој во 2013 година е награден со најпрестижната книжевна награда во Полска – НИКЕ.

Како и во претходниот роман на Батор „Песочна Пла­нина“, и овде авторката раскажува за својот роден град Валбжих, а неизбежен поврзувачки елемент меѓу судби­на­та на главните ликови и овој град е замокот Ксјонж и последната дама во овој замок, принцезата Дејзи.

– „Темно, речиси ноќ“ е роман исполнет со мрачни делови, но исполнет и со магија – во него се појавуваат два сосема спротивни магични ентитета, мачкарките како чувари од злото и мачкојадите како уништувачи на доброто. Овој роман е роман за злото, но и за доброто, за темнината и светлината, за постојаната борба меѓу нив, соопшти издавачот.

Јоана Батор (1968) е писателка, новинарка и фељ­тонистка. Во Варшава завршила културолошки студии и филозофија, а докторирала на тема за феминизмот, постмодернизмот и психоанализата. Предавала филозофија на неколку универ­зи­тети (Варшава, Њујорк, Лондон, Токио). Автор е на не­кол­ку научни публикации, а од 2009 година поинтензивно ѝ се посветува на литературата. Живее во Варшава. Други позна­чај­ни дела на Јоана Батор се: „Песочна Планина“, „Јапонско ладало“,и „Ајкулата од паркот Јојоги“. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици.

И „Темно, речиси ноќ“ е пре­ве­ден на неколку јазици, а ова е второ дело на авторката објавено на македонски јазик – по романот „Песочна Планина“, и двете во превод на Анета Сапета.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска