Јавното обвинителство формира Комисија за изборни нерегуларности

Од:

Јавниот обвинител на Република Македонија донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година, соопшти Јавното обвинителство.

„Членови на Комисијата се јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија, од четирите Виши јавни обвинителства и од Основното јавно обвинителство – Скопје. Членовите на Комисијата се задолжени да го следат изборниот процес и притоа за сите настани за кои ќе оценат дека даваат индиции за евентуално сторени изборни нерегуларности да даваат задолженија за итно постапување од страна на надлежните обвинителства.

Во насока на сеопфатност во постапувањето, Комисијата ќе отвори нова службена електронска адреса за пријавување на изборни нерегуларности на која сите граѓани или претставници на граѓански организации ќе можат писмено да пријават незаконско постапување во врска со изборниот процес“ стои во соопштението на ЈО.

Службената адреса ќе биде објавена наскоро, на веб страницата на Јавното обвинителство на РМ.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре