СДСМ: Граѓаните не забораваат, Груевски и Мијалков се пазареа со уставното име

Од:

Изјавата на Никола Поповски дека криминалната банда на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на уставното име е нова лицемерна лага и нова навреда за граѓаните. Никола Груевски, не само што ги крадел парите на граѓаните, не само што го крадел нивниот глас, туку тајно преговарал и се пазараел за името на државата, зад грбот на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Лажниот патриотизам на Никола Груевски излезе на виделина одамна и граѓаните тоа многу добро го знаат. Вистината за Македонија покажа дека токму Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков се пазареле за уставното име на Република Македонија, тајно под маса заедно со бизнис партнерот на Груевски од Грција, познат како Манолис, додаваат од СДСМ.

Граѓаните нема да ја заборават вистината за сите лаги на Никола Груевски. Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на кои што ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија.

По промените, следува одговорност за целокупниот криминал и за сите изборни грабежи во изминатите 10 години. Секој што го прекршил законот ќе одговара, велат во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата