Акција за чистење на вториот дел од градскиот парк во Скопје

Од:

Со акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк, Градот Скопје денеска традиционално го одбележа првиот ден на пролетта, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“.

Како што соопшти Град Скопје, целта на акцијата е да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во која што  живееме.

Околу 150 ученици од пет средни училишта на Град Скопје СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“ денеска во близина на Луна-паркот ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.

Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градскиот парк, со помош на чамец. Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош