Кина се обидела да го спречи настапот на Далај Лама во Чешка

Од:

Кинески дипломати се обиделе да го спречат учеството на Далај Лама на годинашниот Форум 2000 во Прага, но чешкото Министерство за надворешни работи не го дозволило тоа, пишува неделникот „Респект“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Прага, чешката дипломатија го отфрлила барањето од кинеска страна со образложение дека во земјата е загарантирана слободата на говорот.

Тибетскиот духовен лидер е поканет во Чешка од претставници на Форумот 2000 по повод неговиот 80-ти роденден, но не е најавена негова средба со политички претставници на државата.

Форумот 2000 е основан со цел да се обезбеди простор за изразување на личности од најразлични области и во изминатите 19 години на Конференцијата учествуваа над 700 истакнати личности, дисиденти и борци за човекови права.

Далај Лама беше личен пријател со првиот чешки претседател Вацлав Хавел, кој почина пред четири години. Тој уште од неговата прва посета на поранешна Чехословачка во 1990 година често ја посетуваше земјата.

За официјален Пекинг, Далај Лама, кој е добитник на Новеловата награда за мир во 1989 година. е сепаратист, иако тој самиот пропагира автономија, а не независност за Тибет.

Во Прага, на 28 март е најавена посета и на кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ќе се сретне со највисоките политички претставници и како што е најавено ќе разговараат за продлабочување на економската и стратешката соработка.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени