Сан Антонио го неутрализира шампионот Голден Стејт

Од:

Сан Антонио ги запреа синоќа Голден Стејт во големото дерби на домашен терен, Спарси славеа со 87:79.

Веќе во првата четвртина се наговести дека ова ќе биде доста необичен меч за актуелниот шампион, затоа што во првата четвртина имаше 35 поени (17-18) предност за Голден Стејт. Вториот дел Спарси повторно го решија во своја полза (26:19), и со предност од 6 поени предност заминаа на полувреме.

Голден Стејт одиграа добра трета четвртина (22-28), со што го изедначија резултатот, пред последните 10 минути. Но сепак, последната четвртина, одбраната на Сан Антонио ја запре екипата на Голден Стејт на само 14 поени, и во секој случај заслужено се победници.


Golden State Warriors vs San Antonio Spurs… by goloviliga

До победата Сан Антонио беше предводен од Олдриџ со 26 поени и 13 скокови, додека Ленард уфрли 18 поени. Томпсон имаше учинок од 15 поени. Очајна ноќ имаше дефинитивно Стефан Кари, кој што успеа да постигне 14 поени (1 од 12 за три).

Од останатите натпревари:

Детроит 115:103 Бруклин
Индијана 111:115 Оклахома
Вашингтон 99:89 Њујорк
Атланта 109:97 Хјустон
Мајами 122:101 Кливленд
Чикаго 92:85 Јута Џез
Мемфис 113:102 Ла Клиперс

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on