По повод Светскиот ден на театарот за деца 20 Март, театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп денеска за најмладата публика бесплатно ќе изведе две претстави.
Од 12 часот ќе биде изведена претставата „Како се станува цар“ во режија на Кирил Петрески, а од 17 часот – мултимедијалната претстава-бајка „Волшебникот од Оз“.
Приказната од првата претстава е сместена во малиот свет на инсектите на царот Дувниветре и ја носи пораката за потреба од човечки вредности – љубов, другарство, дарежливост, искреност.
„Волшебникот од Оз“, пак, го тематизира другарството. Претставата е работена во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска игра.