СДСМ: Избирачкиот список мора да се прочисти и да има теренска проверка

Од:

Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска од Демир Капија изјави дека Избирачкиот список мора да се прочисти и да има теренска проверка.

Наумов рече дека вчерашните реакции на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија и нивното противење да има теренска проверка се доказ дека имало нерегуларности на претходните избори.

– Теренската проверка е дел од Методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја усвоија членовите на сите четири партии од власта и опозицијата во ДИК, истакна Наумов, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ поради спорните гласачи не сака да се изврши теренска проверка.
Според Наумов, мора да има реформи и во медиумската сфера бидејќи, како што рече, граѓаните сакаат фер и регуларни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он