Велковски: Нема да дозволиме криминални избори

Од:

Празни улици, млади луѓе речиси и да нема, необработени земјоделски површини, ваква беше денешната слика во Валандово и валандовско.

Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ Диме Велковски, придружуван од Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за информатичко општество и администрација, беа помеѓу граѓаните од овој регион.

Наместо да ни се овозможи да вадеме парче леб од земјоделството, парите од субвенциите ги земаат оние што немаат допирна точка со земјоделската мака, револтирано зборуваа земјоделците.

Ќе направиме ревизија на земјоделските земјишта и ќе ги вратиме на вистинските земјоделци. Ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра.  За да ги задржиме младите, ќе отвориме регионални бизнис инкубатори и ќе обезбедиме 10.000 евра неповратни средства за отварање сопствен бизнис.

Минималната плата ќе ја зголемиме, а просечната ќе достигне до над 29 илјади денари, нагласи Велковски.

На средбите се разговараше и за актуелната политичка состојба. Велковски рече дека се потврди се она што го обелодени Вистината за Македонија, дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе изборите.
Нема да дозволиме уште едни криминални избори. Слободната волја на граѓанинот мора да биде испочитувана, а  секоја пара што е украдена да се врати назад кај граѓаните, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он