Нова победа на Сан Антонио на домашен терен

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио не знаат за пораз пред своите симпатизери. Ноќеска „Спарси“ пред своите навивачи ја совладаа екипата на Портланд со 118-110.

Во редовите на Сан Антонио дури петмина кошаркари натпреварот го завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу по 22 постигнаа КавајЛенард и ЛаМаркус Олдриџ. Во редовите на Портланд, но и на натпреварот најефиксен беше Си Џеј Мекулом со 26, додека Демијан Лилард средбата ја заврши со 23.

За Сан Антонио ова беше вкупно 58-ма победа сезонава, а 34-та на домашен терен во исто толку одиграни натпревари.

На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати овие резултати:
Филаделфија – Вашингтон 94:99,
Мајами – Шарлот 106:109,
Атланта – Денвер 116:98,
Чикаго – Бруклин 118:102,
Милвоки – Мемфис 96:86 и
Јута – Феникс103:69.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on