Изграден нов одводен канал во Општина Илинден

Од:

Со цел да се реши долгогодишниот проблем со поплавите во н.м. Мралино, Општина Илинден во соработка со ЈП Водостопанство „Скопско Поле“ изгради нов одводен канал во должина од 1.100 метри, за зафаќање и одведување на атмосферските води.

Паралелно со ова Општина Илинден во соработка со ЈП Водостопанство „Скопско Поле“ продолжува со редовното чистење на отворените одводни канали, со цел да се запази функционалноста каналската мрежа.

Од почетокот на годинава досега исчистени се 18.500 метри отворени одводни канали.
Општина Илинден и оваа година ја презема обрската на граѓаните за плаќање на воден надомест за одводнување на индивидуални водокорисници, што годишно ја чини повеќе од 4,2 милиони денари.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство