Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск изјави дека „повеќе е внимателен отколку што е оптимист“ во врска со шансите за постигнување на договор со Турција за запирање на мигрантскиот бран во Европа.
Говорејќи пред почетокот на претседавањето на самитот на ЕУ, од кој се очекува конечна понуда на Турција со цел сузбивање на илегалната миграција, Туск рече дека „каков било договор да се постигне, мора да биде прифатлив за секоја од 28-те земји членки, без оглед дали се мали или големи“.
Туск додаде дека договорот мора во целост да биде согласно европското и меѓународното право.
-Јас сум умерен оптимист, но говорејќи искрено, повеќе сум внимателен отколку што сум оптимист, изјави Туск на прес-конференцијата, додавајќи дека лидерите на ЕУ „влегуваат во тешки преговори“.