„Господ не е голем“ од Кристофер Хичинс зад чиј превод на македонски јазик стои Фондацијата Отворено Општество Македонија, е најдрската книга во позитивна смисла, чија цел е да ја прикаже религијата во вистинско светло и нејзината злоупотреба во различни цели.
Промоцијата не случајно е на 9-ти ноември кога во 1989 година се урна Берлинскиот ѕид, што Хичинс го поистовети со ослободување на огромна човечка енергија.
Низ дебатата во „Холидеј Ин“ се бараше одговорот на прашањето-„Дали Македонија има свој Хичинс“, кој до смрт останал на неговите ставови дека концептот на Господ е тоталирарно убедување кое ја уништува слободата на човекот.
„Одбивам некој да ми кажува што и како да мислам , и што и како да напишам“, гласеше ставот на Хичинс кој немал кочници жестоко да ги критикува сите религии, па дури и принцезата Дијана и Мајка Тереза, за која кажа дека е обична албанска калуѓерка преку која се собираат пари и некој профитира. За Мел Гибсон дека е австралиски фашист.
Книгата е за стравот од атеистите во едно општество кој покажува дека и во 21 век постои страв од слободата и од индивидуалноста. Токму Хичинс се држи до неговото убедување дека во име на религијата биле извршени мнпогу злосторства.
Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин читајќи ја клетвата на членовите на Синагогата во Амстердам која своевремено била наменета за делото на Барух Спиноза, го постави секогаш актуелното прашање кое често многумина го избегнуваат:
„Дали ови имале лиценца да говорат во името на Господ? Имам сериозен проблем кога некои си мислат дека се овластени да проколнуваат, да горат на клaди“, рече Милчин.
„Ме загрижува тоа што живееме во земја каде атеистите стануваат загрозено малцинство од еден дел кој не сум сигурен дека се вистински верници“, рече тој и доаде дека Фондацијата има аманет да говори и да ги штити правата на малцинствата и затоа ја издава книгата, во услови кога атеистите немаат доволно простор во РМ.
Промотори на книгата беа Соња Крамарска, главен и одговорен уредник на „Утрински Весник“ која кажа дека Хичинс е брилијантен автор кој се противел на мачењето во американските затвори, па затоа и во својата редакција сакал сликовито да го претстави овој метод, па пристапил кон презентација како тоа изгледа кога му се случува на некој од нас.
Хичинс кој почина минатат година, до смрт остана на своето убедување за религијата, а во наши услови тоа го наметнува прашањето- дали во Македонија има новинари кои ќе се борат до смрт за своите ставови?
Никола Гелевски, главен и одгворен уредник на „Темплум“ рече дека Хикинс е колоритна, бурна личност која заслужува длабинска анализа , неговата драма е драма на многу луѓе.
Според него тој е жесток критичар на православието и на каталицизмот кој прерано ја сфатил ужасната улога на грчката црква која и помагала на воената хунта.
Според професорката Билјана Ванковска, Хичинс инсистира на вистината па дури ако треба и небото да се урне.
„Секоја религија е тоталитарна , има татко и син, но не и Свет дух. Господ е семоќен и сеприсутен врши надзор на секого па и на движењето и мислите“.
Играјте си со вашите играчки, ама по дома“.
Ванковска вели дека Хичинс со овие негови ставови е провокација за Македонија.
„Стравот не е да се биде атеист, туку тоа да се брани на јавната сцена“, посочи Ванковска.
Книгата на македонски јазик ја преведе Гордана Стошиќ.