Прекин на сообраќајот на обиколницата Битола-Ресен

Од:

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Општинскиот пат с. Долни Полог – с.Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ препорачуваат користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на Стража.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози